Издадена:

страници

ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ – ДЕКАЛОГ

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон
Десетте Божји заповеди – Декалог, Скопје 2008.

С О Д Р Ж И Н А

Увод
Првата Божjа заповед
За верата – што значи да веруваш?. Богопознание. Внатрешно и надворешно богопочитување. Гревови против првата Божја заповед: 1. Неверие. 2. Многубоштво. 3. Обожување луѓе место Бога. 4. Преголема надеж на себеси – егоизам. 5. Обожување предмети место Бога. 6. Скептицизам. 7. Богоотстапништво. 8. Ерес. 9. Раскол. 10. Празноверие и суеверие. 11. Спиритизам 12. Волшебништво, баење, гатање и маѓија. 13. Човекоугодување. 14. Очајание. 15. Мрзливост кон молитвата и кон Божјото учење. Со зборовите: „Да немаш други богови освен Мене“, се забранува: безбожието, неверието и кривоверието.
Втора Божjа заповед
Го забранува идолопоклонството. – Што е идол? – Дали почитувањето на иконите и светите мошти е идолопоклонство? – Иконопочитувањето е вистинско христијанство. Само на Бога му се поклонуваме, а светиите ги почитуваме. – Почитување на светиот крст. –Чудотворнoста од светиите и од светите икони. – Почит кон светите ангели.
Трета Божја заповед
Да иmаме најголема почит кон името Божјо. – Со третата заповед се забранува: 1. Богохулство. 2. Роптање кон Бога. 3. – Потценување на светите предмети. 4. Невнимателност во молитвата. 5. Неисполнување на ветувањата дадени кон Бога. 6. Грдење на Божјото име со пцост. 7. Несериозно и безфункционално повторување на Божјото име. 8. Колнење за сè и сешто. 9. Кривоклетство. 10. Клетвопрестапништво. 11. Употребувaлe ли клетва, светите ангели и апостолите?
Четвrта Божjа заповед
Заповедта за работа е првата наредба кoja Бог им ја дал на луѓето. – „Кој не сака да работи нека и не јаде“ (2. Сол. 3,10) – Мрзливоста е тежок грев. – Целата вселена е огромна работилница каде сè работи. – Научете ги децата на трудољубивост. – Неделата – ден за одмор. – Саботарите. – Светото писмо за празнувањето на неделата. – Православни црковни празници: Господови, Богородични и светителски. – Како да ги празнуваме празниците? – Без грижа за душата човекот духовно венее. – Работењето во недела или празник на луѓето им донело казна од Бога. – Празниците – работа за душата а не телесни уживања.
Петта Божја заповед
Почитувањето на родителите им носи благослов на децата. – Односот на родителите кон своите деца. – Како да ја искажеmе почитта кон родителите? – Зошто треба да ги почитуваме родителите. – Непочитувaњето на родителите е тежок и противприроден грев. – Кој не ја почитува мајка си, недостојно го носи името човек. – „Благословот на таткото ги утврдува домовите на децата“ (Мудр. Сирах. 3,9). – Кога може да се отстапи од послушноста кон родителите? – Почит кон: духовните отци, воспитувачи, добротвори и власта.
Шеsта Божја заповед
Се забранува убиството и самоубиството. – Со убиството стануваме против Божјата своина. – Убиецот е духовно убиен. Што се се смета за убиство? – Двобој. – Случајно убиство. – Абортус. – Убиство по неопходност. – Убиство во војна. – Духовни убиства – кога душата се одвојува од Бога. – Убивање животни.
Седма Божја заповед
Го забранува: блудот, прељубата, крвосмешништвото, ракоблудството, хомосексуалноста, лезбејството и прељубата со помисли и желби. – Неженетите и немажените да ја чуваат честа, а брачниците взаемната верност и љубов. – Прељубата остава последици (болести, кавги, абортуси, убиства и др.) – Прељубата го разорува човекот и духовно и телесно. – Страв и грижа на совеста. – Не соблазнувај и не наведувај други на прељуба.
Осма Божја заповед
Благословен е оној дом и трпеза каде се јаде чесно заработен леб и чесно се живее. Бог му дал раце на човекот за да работи – да гради, а не да краде. – Крадецот ќе се фати и ќе се дознае. Оваа заповед забранува: 1. Грабеж и насилство. 2. Тајно присвојување. 3. Измама, лукавство, фалсификување, скусување при мерење. 4. Неплаќање данок, разрез. 5. Сокривање крадец. 6. Незаконско наградување. 7. Сокривање на најдени пари и предмети. 8. Зеленаштво – нереално лихварство. 9. Мито и корупција. 10. Арамолебството. 11. Скратување на заработената плата или намерни оддолжувања на исплатата. 12. Продавање даренија – богатење од хуманитарна помош. 13 Светотатство – крадење од црква. 14. Симонија. Имотот е Божји дар и Божја своина, па секој што краде – краде од Бога. – Оваа заповед не учи да бидеме некористољубиви и чесни, праведни и доверливи.
Деветта Божја заповед
Забранува: 1. Зборување лага. 2. Лажно сведочење. 3. Клеветење. 4. Озборување. 5. Ласкање. – Лагата е недостојна за христијаните.
– На кои начини луѓето лажат?
Десетта Божја заповед
Бог ги забранува себичните желби и неправедните посакувања. Желбата е семе на гревот, а грешното дело – жетва од посеаното.
– Ја забранува зависта. Оваа заповед се обраќа до совеста и до срцето.
– Кој пожелува туѓо, греши тројно (кон Бога, кон ближниот и кон себе си).
– Како да се заштитиме од пожелување туѓо?
Поговор
Литература