Издадена:Скопје (девет изданија, од 1994-2002)

111 страници страници

ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон
Господовата молитва Оче наш, Скопје 2010.

С О Д Р Ж И Н А

Препорака
Предговор
Оче наш
Оче наш, Кој си на небесата (призив – повикување)
I. Да се свети името Твое
II. Да дојде царството Твое
III. Да биде волјата Твоја како на небото, така и на земјата.
IV. Лебот наш насушен дај ни го денес
IV. И прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници
VI.И не нè воведувај во искушение
VII.Но избави нè од лукавиот.
Зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови.
Амин.
Кога треба да ја кажуваме молитвата „Оче наш“?
Оче наш на 10 јазици.
Литература.

 

Постои ли молитва која е база, прапочеток на молитвите во христијанството?

– Да. Господовата молитва е таква молитва. Наречена е Господова, оти неа ја изговорил Господ Исус Христос. Тоа го сторил на барање од Неговите учениците – апостолите. Тие еднаш го запрашале како треба да се молат и тогаш Исус ја искажал молитвата „Оче наш“, која и ние денес ја имаме и ја практикуваме.

Таа се нарекува Евангелска молитва, затоа што ја има во евангелијата според Матеј ( 6 глава, 9- 13 стих) и според Лука (11 глава, 2- 4 стих).

На Елеонската Гора, близу Ерусалим, има еден манастир на чиј ѕид, буквално на секој камен од ѕидот е испишана Господовата молитва на сите јазици што се говорат во светот. Тоа ни кажува дека онаму каде што е застапено Евангелието се практикува и молитвата на Господа Исуса Хтриста.

“Оче наш…” е основната молитва во светата христијанска православна Црква. Првите христијани ја нарекувале и “скратено Евангелие”, бидејќи во неа е сублимирано учењето на Христа и учењето за Христа. Поставена е во основата на сите молитви. Таа е насока за молитва и ги подгрева чувствата за молење. Почетокот на секое богослужение во Црквата е со “Оче наш…” . Таа содржи сè што треба ние да молиме од Бога.