МАГИСТ. ИСПИТ 1, 2015-2016, Образложение и литература

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО ТЕОЛОГИЈА
Академска 2015/16.

Проф. д-р Ратомир Грозданоски
ТОЛКУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА – НОВОЗАВЕТНА ЕГЗЕГЕЗА

I Краток курс по библиска исагогика и библиска херменевтика.
Новозаветна исагогика, херменевтика, егзегетика и современа библиска критика.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Тајните за Библијата, Скопје 2014.
Ратомир Грозданоски, Евангелскиот лик на Господа Исуса Христа во црковната традиција и наука,
Ратомир Грозданоски, Научници – библисти од Европа на Симпозиум во Минск,

II Евангелски синопсис и хронологија.
Сродноста на евангелскиот текст воедначен според суштинското истозначење, според времето и според местото.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2011;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Марко – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2004.

III Генеалогијата и роднините на Господа Исуса Христа.
Генеалогијата на Господа Исуса Христа, според двете набројувања на родовите, во евангелијата според Матеј и Лука.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2011;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Лука – проучување и толкување на евангелскиот текст, (необјавено) за овој повод поставен текст на www.rrgrozdanoski.mk

IV Беседата на гората во евангелијата според Матеј и Лука.
Беседата на Гората е срцевина на целото Евангелие. Во неа се содржи целото спасоносно благовестие, а нејзино срце се Блаженствата.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2011;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Лука – проучување и толкување на евангелскиот текст, (необјавено) белешки од предавањето.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Блаженствата – земнонебесни скалила, Скопје 2007;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Господовата молитва, Скопје 2010;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Десетте Божји заповеди – Декалог, Скопје 2008.

V Христос во Галилеја – поуки и чуда.
Господ Исус Христос како Учител и Чудотворец се претставил најмногу во Галилеја. Таму ги изрекол најзначајните поуки до народот Божји и ги направил бројните чуда, дејствувајќи врз природата на светот, врз природата на човекот, во душата на луѓето и во духовниот свет.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј  проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2011;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Марко проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2004.

VI Ерусалим. Храм. Гетсиманија. Голгота.
Топонимијата, географијата и историјата на овие места се од особено значење за евангелијата, за светото и за светот. Егзегетски осврт на местата и настаните од Цветници до Велигден, завршувајќи со Спасовден и Дуовден.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2011;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Марко – проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2004.

VII Првите цркви во Македонија.
Првите цркви во Македонија се и првите цркви во Европа. Нивното значење е во првоформираноста, но и во тоа што нив ги основал светиот апостол Павле.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Свети апостол Павле и Македонија, Скопје 2007;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Вовед во Светото писмо на Новиот завет (посебен дел), Скопје 2008;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, „Библиската физиономија на Македонија во времето на апостолскиот период“, Годишен зборник, БФ „Св. Климент Охридски“, книга 5-6, Скопје 1999/2000, 117-148.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – проучување и толкување на текстот, Скопје 2012;

VIII Евангелието, љубовта и есхатологијата на апостол Павле.
Од Павловата теологија и библистика, овде ќе се задржиме на трите главни теми:
Евангелието, љубовта и есхатологијата, кои се основа на неговото учење.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните – проучување и толкување на текстот, Скопје 2005;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – проучување и толкување на текстот, Скопје 2009;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – проучување и толкување на текстот, Скопје 2012.

IX Библија. Апостол Павле. Македонија.
Свети апостолот Павле не само што најпрво кај нас го проповедал Евангелието, пред сите други народи во Европа, туку нам ни ја посветил и првата библиска книга, што ја напишал тој, а до нас упатил уште две други книги од Библијата. И уште толку ги напишал во Македонија. Освен со апостолот Павле, Македонија е поврзана и со апостолот Лука и со други апостоли, како што сведочат библиските текстови.
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Вовед во Светото писмо на Новиот завет (посебен дел), Скопје 2008;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Свети апостол Павле и Македонија, Скопје 2007;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – проучување и толкување на текстот, Скопје 2012;
Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје 2001;