Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 23.11.2015 година донесе …

ОДЛУКА

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

1. Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

         – проф. д-р Горан Ајдински – дефектолог и

         – проф. д-р Ратомир Гроздановски – теолог, библист и филолог.

2. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на:

         – Раде Силјан – поет, литературен критичар и есеист.

3. Во областа на здравството наградата ѝ се доделува на:

         – доц. д-р сци. Аспазија Софијанова – педијатар.

Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2015 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.