Издадена:Скпоје, 2005

402 страници

ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ

Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон
Послание на светиот апостол Павле до Римјаните –
проучување и толкување на текстот,
Скопје 2005.
СОДРЖИНА
Предговор
Foreword
Вовед

Животот и дејноста на светиот апостол Павле
Животот и дејноста на светиот апостол Павле
до неговото обраќање во христијанството
Обраќањето на светиот апостол Павле во христијанството
Животот и дејноста на светиот апостол Павле, од обраќањето до првото мисионерско патување
Првото мисионерско патување на светиот апостол Павле меѓу незнабошците (Дела 13 и 14 глава)
Апостолскиот собор во Ерусалим (Дела 15, 1–21)
Средба на светиот апостол Павле со светиот апостол Петар во Антиохија (Дела 15, 22–34; Гал. 2, 11–21)
Второто мисионерско патување на светиот апостол Павле меѓу незнабошците (Дела 15, 35–18, 22)
Третото мисионерско патување на светиот апостол Павле меѓу незнабошците (Дела 18, 23 – 21, 16)
Средбата на апостолите Павле и Јаков во Ерусалим (Дела 21, 17–26)
Бунтот на азиските Јудејци против светиот апостол Павле. Неговото затворање во Ерусалим. Павле пред судот на Синедрионот. Тој јавно ги предизвикал фарисеите и садукеите да се препираат поради него (Дела 21, 27 – 23, 33)
Оковите – затворањето на апостолот Павле во Кесарија (Дела 23, 34 – 26, 32)
Патувањето на светиот апостол Павле од Кесарија до Рим, на судење (Дела 27, 1 – 28, 29)
Двегодишното прво римско затворање на светиот апостол Павле (Дела 28, 30–31)
Дејноста на светиот апостол Павле од првото до второто затворање во Рим – од првите до вторите римски окови. Четвртото мисионерско патување на светиот апостол Павле меѓу незнабошците
Вторите римски окови – Второто затворање во Рим и смртта на светиот апостол Павле
Посланијата на светиот апостол Павле. Нивниот број и ред во Библијата, форма и јазик
Извори и хронологија за животот и дејноста на светиот апостол Павле
Вовед во Посланието до Римјаните
Кој ја формирал Римската црква?
Повод и цел за пишување на Посланието
Место на пишување на Посланието
Време на пишување на Посланието
Автентичност на Посланието
Содржина на Посланието
Зошто од сите четиринаесет посланија на светиот апостол Павле Посланието до Римјаните е поставено прво во Библијата?
Текст и толкување на Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните
Прва глава

I. Вовед во Посланието (Рим. 1, 1–17)
Поздрави, благодат и апостолство (Рим. 1, 1–7)
Апостолот Павле Му благодари на Бога за верата на Римјаните, ги фали и изразува желба да ги посети (Рим. 1, 8–13) 75
Спасение преку верата во Евангелието (Рим. 1, 16–17)
II. Догматски дел
Учење за верата (Рим. 1, 18 – 11, 36)
Божјо наказание на многубошците, заради нивната грешност (Рим. 1, 18–32)
На кој начин незнабошците „Вистината ја држат во неправда“ (Рим. 1, 19 – 2, 16)
Изобличување на незнабошците заради нивната нечесност (Рим. 1, 19–23)
Изобличување на незнабошците, заради нивната неправда (Рим. 1, 24–32)
Гревољубиви чувства (Рим. 1, 24–27)
Незнабошците прават беззаконија и неправди (Рим. 1, 28–32)
Втора глава
И Јудејците се грешници, како и незнабошците (Рим. 2, 1 – 3, 30)
Гневот Божји ќе се појави и кон Јудејците кои не го исполнуваат Божјиот закон (Рим. 2, 1–29)
Немаат оправдување: Сите знаат, а не постапуваат како што треба (Рим. 2, 1–16)
И Евреите ја држат вистината Божја во неправда (Рим. 2, 17 – 3, 20)
Евреите ја знаат волјата Божја (Рим. 2, 17–20)
Евреите ја знаат, а живеат спротивно на Божјата волја (Рим. 2, 21–24)
Тие се покажуваат пред Бога полоши од незнабошците (Рим. 2, 25–29)
Трета глава
За оправдувањето што го добиваме дарум од Бога преку вистинската вера, а не со формалното и обредното извршување на Старозаветниот закон (Рим. 3, 1 – 4, 25)
Сите луѓе се грешници. Јудејците немаат предност (Рим. 3, 1–8)
Никој не е праведен (Рим. 3, 9–20)
Оправдувањето на сите доаѓа преку верата во Господа Исуса Христа, а не преку Законот. Откупот преку крвта Христова (Рим. 3, 21–31)
Четврта глава
Примерот на Авраам (Рим. 4, 1–25)
Петта глава
Љубовта Божја се гледа во Христовата смрт. Вера во спасението (Рим. 5, 1–11)
Плодовите на верата и љубовта (Рим. 5, 1–5)
Умре за грешниците (Рим. 5, 6–8)
Оправдувањето доаѓа преку крстната жртва на Господа Исуса Христа (Рим. 5, 9–11)
Споредба: Адам и Христос. Гревот и смртта во светот доаѓаат преку Адама, а оправдувањето и животот преку Господа Исуса Христа (Рим. 5, 12–21) 166
Шеста глава
Со верата и благодатта се постигнува светост (Рим. 6, 1 – 7, 6)
Борба со гревот (Рим. 6, 18–23)
Седма глава
Благотворноста на верата во Господа Исуса Христа (Рим. 7, 7 – 8, 39)
Моралната повреда на човештвото. Односот на Законот кон грешниот човек (Рим. 7, 7–25)
Виновен е гревот што живее во нас, а не Законот (Рим. 7, 7–13)
За дејствувањето на гревот што живее во нас. Не Законот, туку гревот што е во нас ги умножува гревовите (Рим. 7, 14–25)
Осма глава
Добрата состојба на христијаните под благотворното дејство на Христовата вера (Рим. 8, 1–39)
Подигнување на нашата падната природа (Рим. 8, 1–10)
Нашата возобновеност во целост ќе се види по воскресението (Рим. 8, 11–14) 218
Богосиновство. Обнова на созданијата (Рим. 8, 14–21)
Сета твар сега воздивнува за вечното (Рим. 8, 19–22)
Основни причини за надеж во Господа Исуса Христа (Рим. 8, 23–29)
„Начеток на Духот“ (Рим. 8, 23–27)
Предвечната определба (Рим. 8, 28–31)
Вополотувањето на Синот Божји и страданието – цена на Божјиот домострој на спасението (Рим. 8, 32–34)
Главна е љубовта (Рим. 8, 35–39)
Деветта глава
Зошто еврејскиот богоизбран народ бил отфрлен, а незнабошците го зазеле неговото место во царството Христово (Рим. 9–11 глава)
Павловото родољубие. Неизмерната љубов на апостолот Павле кон својот народ (Рим. 9, 1–5)
Се исполниле сите Божји ветувања што им биле дадени на Евреите (Рим. 9, 1–3)
Десетта глава
Гревот и виновноста на Израилот (Рим. 10, 1–21)
Единаесетта глава
Утешение за Божјиот народ дека ќе се обрати кон Бога и совети за христијаните од многубоштвото (Рим. 11, 1–36) 284
Дванаесетта глава
III. Етички дел (Рим. 12, 1 – 15, 13)
Духот на христијанскиот живот. Општи правила за христијанско живеење (Рим. 12, 1–21)
Како се изразува духот на христијанскиот живот во конкретното наше живеење
1) Внатре, во секој христијанин (Рим. 12, 3–8)
2) Меѓу христијаните: правила како треба да дејствуваме меѓу нас (Рим. 12, 9–21)
Тринаесетта глава
Должностите на христијаните кон општествената власт (Рим. 13, 1–7)
За љубовта кон ближниот. Секому му должиме љубов (Рим. 13, 8–10)
Оддалечување од лошите обичаи. Грижа за своето и за спасението на другите (Рим. 13, 11–14)
Четиринаесетта глава
Да бидеме внимателни кон слабите во верата и да не се соблазнуваат браќата (Рим. 14, 1–26)
Петнаесетта глава
Ближнољубие и ближнослужение (Рим. 15, 1–33)
IV. Поговор. Завршни зборови на Посланието (Рим. 15, 14 – 16, 24)
Информации за себе и за апостолската мисија (Рим. 15, 14–33)
Шеснаесетта глава
V. Поздравувања (Рим. 16, 1–24)
За ѓаконисата Фива (Рим. 16, 1–2)
Поздрави до Прискила и Акила (Рим. 16, 3–4)
Поздрав до многумина во Рим коишто се од 70-те Христови апостоли (Рим. 16, 5–16)
Последни предупредувања и совети (Рим. 16, 17–20)
Поздрав од Павловите сотрудници и сродници, исто така, од бројот на 70-те апостоли (Рим. 16, 21)
Пишувачот на Посланието – од бројот на 70-те (Рим. 16, 22)
Поздрав од најблиските од Коринт – од 70-те апостоли (Рим. 16, 23)
Поговор
Epilogue
Хронологија
на дејностите на светите апостоли. Автори и време на пишување на новозаветните книги
Консултирана и користена литература и извори
Содржина

Послание до Римјаните

Најчитаната книга во човештвото, во сите времиња, па и денес, е Светото писмо (Библијата). Таа е и книга со најголем тираж во светот. Преведена е на најмногу јазици и дијалекти, па неа ја има скоро на сите јазици на народите во светот.

Нашиот македонски народ, иако прв меѓу словенските народи ја доби Библијата на својот старомакедонски словенски јазик, преку преводот што го направиле светите браќа Кирил и Методиј, помогнати од светиот Климент Охридски во доофор­­мувањето на целата библиска содржина, за жал, последен меѓу наро­дите од словенското јазично подрачје ја отпечати целосно оваа Света книга на современ македонски литературен јазик, во 1990 год. Тоа значи дека меѓу нашиот македонски православен народ Библијата на свој јазик е добредојдена, барана и читана. Радува фактот што таа е с# повеќе сакана книга од нашиот современ човек, којшто богомудро сака да ја задоволи својата духовна жед и глад, пиејќи од Изворот и, хранејќи се од Светата ризница.

Согледувајќи ја оваа потреба  на македонскиот современ чита­тел, се обидувам, преку толкувањата на Библијата, да му помогнам и да му го олеснам читањето и разбирањето на длабоката и боговдахновена содржина на Светото писмо. Оттаму и вистината дека оваа содржина е библиски потребна за нашиот народ во ова време на духовна изгладнетост и богобарателство. А Библијата треба да биде не само читана, туку и проучувана. Затоа, на овој начин, се нуди проучување и толкување на библиските содржини.

Се надевам дека оваа книга ќе значи големо духовно богатство и понудување на слатка библиско-духовна храна. Ова издание ќе му  помогне на секого правилно и лесно да ги разбере Божјите зборови, со кои Бог сакал да му се обрати на човекот и да му каже што е најважно за овој свет и за луѓето во него, откривајќи го Својот домострој – планот за спасението. Но, човеч­ките зборови не се доволни и не се моќни да Го опфатат неопфатниот Бог и да ги искажат неискажливите работи и тајни на Премудроста. Токму затоа е потребно толкување и разјаснување на Божјите зборови запишани во Светото писмо, преку боговдахновеноста на богоизбраните луѓе, каков што бил и светиот апостол Павле.

Овој Христов пратеник дојде и во Македонија, удостојувајќи ја нашава земја да биде врата за христијанството во Европа. Кога Бог предвидел да испрати Свој апостол и благовесник на европскиот континент, тоа го направил преку светиот апостол Павле и го упатил најпрво во Македонија (Дела 16, 6-17, 14).

Богомудрието и промислата Божја ја избраа Македонија и го избраа  македонскиот народ како првоповикани кон Христа Бога. Таа нам богодадена чест и првенство треба да н# поттикнува кон возвишени и големи богоугодни духовни богатства. Во тоа и се потврдил нашиот народ – како народ богољубив. А нашава земја – Македонија е позната како ризница на духовни вредности. Таа по тоа е значајна меѓу другите земји и меѓу народите во светот.

Ова издание е толкување на библиската кни­га, напишана од боговдахновениот апостол Павле – првоблаговесникот во Македонија. Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните е прва книга од редот на неговите 14 посланија во Библијата. Ова е и најобемното Послание, споредено со другите 13 негови библиски книги, но, исто така, тоа е по­ста­вено и прво, како фундамент на богомислието на светиот апостол Павле.

Толкувањето на Павловата библиска теологија претставува разоткрива­ње на основното негово богомудрие во Господа Исуса Христа. Разработу­ва­ње­то на неговите мисли и пораки, значи доаѓање до правилното разбирање на христијанството и живеењето вистински христијански живот. Тоа е, всушност, вистинското разбирање на Евангелието и на Божјите зборови, како што рекол Господ Исус Христос: “Не секој што ми вели: ‘Господи, Господи’, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мо­јот Отец небесен” (Матеј 7, 21). Апостолот Јаков, пак, порачал: “Бидете извршители на Словото, а не само слушатели, мамејќи се самите себе” (Јак. 1, 22). “Бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот”, вели светиот апостол Павле во Посланието до Римјаните (Рим. 2, 13). Ете, таквото однесување и живеење претставува остварено Евангелие. Таков бил светиот апостол Павле. Тој бил Евангелие на збор и на дело – Евангелие во живот.

Оваа книга претставува научна разработка на библискиот текст од Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните. Во делово е дадена светоотечки проверена и богословски православна егзегеза на оваа библиска книга. Читателот има пред себе едно аналитичко толкување на библиските содржини од Посланието.

Структурната композиција на делово е следнава: трудот главно е поделен на два дела.

Првиот дел е исагогика и во него се опишува животот и дејноста на  светиот апостол Павле – писателот на Посланието, а потоа се обработува и историјата на овој библиски текст: јазикот, времето, местото и целта на пишувањето на Посланието до Римјаните.

Вториот дел го сочинува корпусот на делото, поделен во 16 глави и  одделно по стихови, со целосна анализа и егзегеза.

 

 П О Г О В О Р

 

Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните е книга од Библијата – книга од Книгата над книгите – дел од Светото писмо, кое е надвредносна вредност. Овде го имаме Посланието и неговата со­држина, со разјаснување и толкување. Тоа е од особено значење за верата, за културата, за науката и за книжевноста, коишто кај нас, – во Македонија, започнале токму со Библијата и со светиот апостол Павле.

Овој труд е од посебна важност и значително е неговото присуство во рацете на културната, научната и другата заинтересирана јавност. Посебно е значаен неговиот придонес во разработката на библискиот текст.

Книгава дава исклучително нови научно-истражувачки анализи од  книжевното и текстолошкото проучување на Библијата и нејзиното значење во нашата култура, а посебно за нашето македонско јазично подрачје.

Овде е протолкуван секој библиски збор од Посланието на светиот апостол Павле до Римјаните, дури и сложенките се расчленети. Над секој стих е созерцавано и с# е јасно искажано, за да се избегне каква и да било дво­смисленост и нејасност.

Бидејќи овој труд е единствен во македонската библистика, се надевам дека ќе наиде на посебен интерес кај културната јавност, особено кај проучувачите на библиските текстови, а и во тео­лошкото образование кај нас, како и кај православните верници и сите што сакаат да ја разберат евангелската мисла и порака, да ја усвојат и да живеат според неа.

Во македонското книгоиздателство вистинска реткост е книга со библиска содржина, како што е оваа. Неа жедно ја очекуваат и студентите на Православниот богословскиот факултет во Скопје.

Овој труд го дава својот научен придонес за развивање на библиско-бого­­­­словската мисла кај нас, а и во светот, бидејќи ретки се научните трудови од оваа област. Ова е единствено вакво дело на македонски јазик за библиската книга Послание на светиот апостол Павле до Римјаните. Тоа е од значаен национален интерес и за културата во Македонија.