КРИТЕРИУМИ за пишување…

Проф. д-р Ратомир Грозданоски
 

КРИТЕРИУМИ И СТАНДАРДИ
ЗА ПИШУВАЊЕ НА
СЕМИНАРСКА ВЕЖБА ИЛИ РАБОТА И ДИПЛОМСКИ ТРУД
ПО ПРЕДМЕТОТ СВЕТО ПИСМО НА НОВИОТ ЗАВЕТ

  Семинарската вежба, семинарската работа и дипломскиот труд по Свето писмо на Новиот завет се пишуваат на компјутер, користејќи ја програмата на Microsoft Office – Microsoft Office Word.

1. БРОЈ НА СТРАНИЦИ:
 - Семинарска вежба: 5-10 страници;
 - Семинарска работа: 10-15 страници;
 - Дипломска работа: 30-35 страници.

2. ПРИ ПИШУВАЊЕТО НА ТЕКСТОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА НА СЛЕДНОВО:
 - Зборовите се одвојуваат само со едно растојание (space);
 - Интерпункциските знаци (. , : ; ? !) се пишуваат заедно со зборовите, по што задолжително следи
  едно растојание;
 - Наводниците и заградите се пишуваат заедно со зборовите, пред кои или по коишто се наоѓаат.
 - Се користат следниве наводници: „ “ и следниве загради: ( );
 - Наводници во наводници: ако во составот на цитиран текст кој е одделен со наводници „ “,
  потребно е да се вметнат наводници за директен говор, се користат следните: на почетокот и на
  крајот од говорот.
 - Задолжително е почитување на правописот кај наводниците „….“ и полунаводниците ,…‘
 - Лесно се пишуваат наводниците во Times New Roman, со македонска поддршка: притисни на Shift
  за голема буква и потоа на број 2 и добиваш „. За крајните: исто, на Shift  за голема буква и потоа на
  број 3 и добиваш “.
 - Наводници во наводници: почетниот е запирка, доближена пред првата буква од зборот: ,Молитвата е.
 - А на крајот: на стрелката за голема буква и потоа на број 6, и добиваш ‘: ,Молитвата е‘.
 - Цртичка: мала – и голема – . Малата – се пишува заедно со зборовите помеѓу кои стои (на пр.
  црковно-словенски јазик) и нема растојание меѓу неа и зборот, а големата  – тире – се пишува одвоено,
  што значи, задолжително има растојание од зборовите на двете страни од неа (на пр. А најмногу ние –
  христијаните).
 - Нов пасус: Текстот треба да се пишува во пасуси (пасус е дел од текстот чијшто почеток го
  формираме со копчето Enter). Почетокот на пасусот мора да биде вовлечен (со копчето: Tab).

3. ОДБИРАЊЕ НА ФОНТ И СТАНДАРДНА ВЕЛИЧИНА НА БУКВИТЕ:
 - Текстот се пишува во фонт: Times New Roman, со македонска поддршка: Edit → Select All; Format
  → Font → Times New Roman; за македонска поддршка притискаме Alt и Shift од тастатурата одеднаш.
 - Големината на буквите е стандардна од 12 точки: Format → Font → Size 12 (за насловите понатаму ќе
  биде објаснето).
 - Други фонтови: (преземи ги ОВДЕ ⇣)
   - најдобро е и за сите нив (латински, англиски, француски, германски, српски, руски, бугарски, грчки
    итн.) да биде употребуван Times New Roman или специфичните:
   - црковновсловенски: Csl_New
   - грчки: GraecaII
   - руски: Rus Times1
   - српски: за буквите Ћ, ћ, Ђ, ђ се користи Symbol од Times New Roman Insert → Simbol → Font
   - бугарски: Rus Times1
   - За: è  È (сè, нè) се притискаат едно-подруго трите: ctrl, ~, e. Добиваш напишано è.
   - За ѝ Ѝ се пишува нормалното (и) врз кое се става акцент од Symbol на Times New Roman и добиваш:
    ѝ Ѝ.
   - Доколку сте принудени да користите и друг фонт, освен овде споменатите, тогаш е задолжително, со
    текстот да ги снимите и другите користени фонтови.

4. ОДБИРАЊЕ НА ПОРАМНУВАЊЕ И ПРОРЕД:
 - Порамнуванјето е обострано: Edit → Select All; Format → Paragraph → Alignment justified.
 - Проредот треба да биде 5 линија: Format → Paragraph → Line spacing 1.5 lines.

5. ПОСТАВУВАЊЕ НА СТАНДАРДНИ МАРГИНИ НА СТРАНИЦИТЕ:
 - Стандардни маргини: горе, доле, лево и десно се 2,54 см. (1 inch), а исто така потребно е да се
  постави и вовлечената маргина од лева страна на 1 см: File → Page Setup →картица Margins → margine
  (Top, Bottom, Left, Right) = 2,54 sm; Gutter = 1 sm.

6. СЛИКИ, ЦРТЕЖИ, ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ:
 - Сликите, цртежите, табелите и графиконите се вметнуваат помеѓу текстот: Со десен клик од глувчето
  кликнете на сликата и одберете: Format picture → картица Layot → Wrapping style: In line with text.
 - На секоја слика, табела, цртеж или графикон треба да се додаде реден број и назив. Тоа се пишува
  веднаш под сликата без ред за растојание.
 - И сликата и називот на сликата се центрираат (Format → Paragraph → Alignment: Center).
 - По еден ред растојание се остава пред сликата и по називот на сликата.

7. БРОЕВИ НА СТРАНИЦИ:
 - Страниците треба да бидат правилно означени. Се вметнуваат автоматски во подножјето (footer).
  Треба да се внимава насловната страница да нема ознака со број.
 - Insert → Page numbers → одбираме позиција на броевите: долу, десно;
 - Насловната страница е без ознака (да се остави празно: Show number on first page).

8. НАСЛОВНА СТРАНИЦА:
 - Со насловната страница авторот воспоставува прв контакт со читателот, затоа таа треба да ги содржи
  основните податоци и да биде соодветно обликувана. Вметнување слики на насловната страница не
  се препорачува. Насловната страница е прва страница   на работата и никогаш не се означува со
  број
. Примерите за насловни страници (обликување, форма, поставеност, текст, големина на букви,
  италик и болд) се поставени на крајот од овој материјал – погледни ги   таму и исползувај ги!
 - Сите информации напишани на насловната страница се поставуваат централно. Името на
  Универзитетот и Факултетот се пишува во 20 точки. Видот на задачата е во 24 точки, а името на
  предметот е со 20 точки, во болд. Името на темата е, исто така, во болд, но со 22 точки. Името на
  менторот и на студентот се пишуваат со 14 точки, а местото и датумот на изработката со 18 точки.
  Името на библиските книги и во насловот се пишува со курзив (италик).

9. КОМПОЗИЦИСКИ ДЕЛОВИ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА ИЛИ ВЕЖБА:
 - Секоја семинарска или дипломска работа се состои од следниве делови: наслов, вовед, разработка,
  заклучок, додатоци, литература и содржина.

10. ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ НА СЕМИНАРСКАТА РАБОТА ИЛИ ВЕЖБА:
 - Најпрегледен начин за означување на деловите претставува децималниот состав на бројки.
  Секоја глава (целина) се означува со римска бројка (I., II., II., …). Потточките, пак, се означуваат со
  арапски бројки (II.1., II.2.,….). На пример:


I. ЖИВОТОТ И ДЕЈНОСТА НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО НЕГОВОТО ОБРАЌАЊЕ
  I.1. Апостол Павле бил Савле – Евреин и римски
     граѓанин

  I.2. Како добил римско граѓанство?
  I.3. Раѓањето и роднините на апостолот
  I.4. Девственик
II. ОБРАЗОВАНИЕТО НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ
  II.1. Световното образование во Тарс
  II.2. Верското образование и воспитание во
     Ерусалим


 - Секоја глава (целина) треба да почнува на нова страница: (Insert → Break → Page Break).
 - Потоа на насловите им се доделува стилови: Насловна целина се форматира во Наслов1 (Heading1),
  насловите на поглавјата во Наслов2 (Heading2) итн. Големината на буквите за Наслов1 мора да биде
  поголема од големината на буквите во Наслов2, кој, пак, е поголем или еднаков со буквите во текстот
  (12).
 - Се означува првиот наслов на целината, на него се применува Наслов1 (Format → Style →..),
  потоа во пописот на стилови се наоѓа Heading1 + тоа што сте го додале. Иста е постапката и за
  Heading2, Heading3.

11. ЦИТИРАЊЕ НА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ПРЕЗЕМАЊЕ ТЕКСТ:
 - Во белешките – фуснотите големината на буквите е 10, а проредот (single)
 - Кога се цитира автор, текстот се става во наводници, а во фуснота стои од каде е изваден цитатот: се
  наведува авторот (име и презиме, па црковни титули и светии: име, презиме, титула), насловот на
  книгата,
место и година на изданието и страница. Insert → Reference → Fusnote → OK.
  Примери: „Има најразлични сведоштва дека жените во Македонија имале улога на водачи во
  општеството, дури и пред Христа – во времето на Александар Македонски. Токму заради тоа, новата
  улога на Лидија нема да биде изненадување за новата христијанска заедница во Филипи“[1]
  „Лидија конкретно покажала колку е значајна улогата на жената христијанка во христијанска Европа и
  тоа како мајка, сопруга, сестра и поткрепа во сè во христијанскиот дом.“[2]

12. ЦИТИРАЊЕ НА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ПАРАФРАЗИРАЊЕ:
 - Парафразираме кога сакаме нечии идеи да ги резимираме, без да го цитираме буквално напишаното од
  авторот. Во тој случај, текстот не го ставаме во наводници, но и тогаш го посочуваме авторот и
  книгата
, исто како и при буквалното цитирање. Мораме да бидеме внимателни да не го употребуваме
  истиот јазик на авторот што го парафразираме.
 - Пример: Лидија од Филипи е првата христијанка во Европа, која се покрстила од раката на апостол
  Павле, кога првпат дошол на овој континент. И не само таа, туку се крстиле и нејзините домашни.
  Нејзиниот дом станал првиот храм во Филипи и во Македонија. Таму се собирале христијаните на
  молитва. Затоа, Грозданоски смета дека нејзината мисија е од голема важност за ширење на
  христијанството во Европа.[3]

13. ЦИТИРАЊЕ НА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ОД СТАТИИ ВО СПИСАНИЈА
 - Се пишува авторот на статијата, името на статијата (во наводници), потоа името на весникот
  (во курзив),
  каде е издаден, бројот и годината на издавање и најпосле, страниците.
 - Пример: Ратомир Грозданоски, протоѓакон, „Евангелието основа на животот и дејноста на свети
  Климент и свети Наум“, Годишен зборник, ПБФ „Св. Климент Охридски“, кн. 1, Скопје 1995, 151-161.
 - МОЖЕ И по форма иста како при цитирањето на дела/книги, при што ќе биде трудот со италик, а не
  списанието, зборникот и весникот.
 - Пример: Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелието основа на животот и дејноста на свети
  Климент и свети Наум
, Годишен зборник, ПБФ „Св. Климент Охридски“, кн. 1, Скопје 1995, 151-161.
 - НАЈВАЖНО Е задолжително да се употреби само едно, исто правило, за да има еднообразност во
  зборникот или во делото. Никако не се допушта различно цитирање во исто дело.

14. ЦИТИРАЊЕ НА ПРИЛОЗИ ОД ЗБОРНИЦИ И КНИГИ ОД ПОВЕЌЕ АВТОРИ:
 Александар Матковски, „Одгласот на Карпошовото востание“,
Триста години од Карпошовото востание, (гл. ред. Томо Томоски), Скопје 1999, 311-325.
 - ИЛИ: Александар Матковски, Одгласот на Карпошовото востание, Триста години од Карпошовото
  востание, (гл. ред. Томо Томоски), Скопје 1999, 311-325.

15. ЦИТИРАЊЕ ОД ВЕСНИЦИ:
 Филарет Московски, свети, „Бракот и девственоста“, Вистина, Гласник на Преспанско-пелагониската
 епархија, година XVIII, број 67, Битола 2010, 27.
 - ИЛИ: Филарет Московски, свети, Бракот и девственоста, Вистина, Гласник на Преспанско-
  пелагониската епархија, година XVIII, број 67, Битола 2010, 27.
 - ИЛИ: Филарет Московски, свети, Бракот и девственоста, Вистина, 67 (2010), 27.

16. ЦИТИРАЊЕ НА АРХИВСКИ ФОНДОВИ:
 Државен архив на Република Македонија, Скопје (натаму: ДАРМ), Околиски НОО, 1945, кут. 6, а.е. 243.

17. ЦИТИРАЊЕ ОД ЕНЦИКЛОПЕДИИ:
 Владимир Вукашиновић, јереј, „Велика среда“, Енциклопедија право­славља, (натаму ЕП), књ. 1, Београд
 2002, 338.

18. Датумите во еден ист прилог се пишуваат изедначено, на еден од следниве начини:
  2 август 1903 или 2.8.1903.

19. ЛИСТА НА КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ИЛИ ЛИТЕРАТУРА –БИБЛИОГРАФИЈА
 - Користената литература или литература (библиографија) доаѓа веднаш по заклучокот. Сите дела
  директно употребени (цитирани, парафразирани или спомнати) треба да се посочат во наслов:
  Користена литература, додека, пак, во Литература или Библиографија, освен извори, коишто се
  употребени во текстот, може да се набројат и дела кои биле консултирани, а не биле директно
  спомнати во текстот.
 - Насловот ЛИТЕРАТУРА се пишува со Caps Lock, централно се поставува, и е во стил Heading1.
 - Постојат повеќе извори на литература (книги, енциклопедии, статии од весници, мултимедиални
  изданија, интернет страници…).
 - Изворите се редат по азбучен ред, според презимето на авторот (презиме и име, а црковните титули и
  светиите доаѓаат по името, одделено со запирка), а ако не постои автор, тогаш според првата буква од
  насловот на книгата.
 - При цитирањето на литературата, не се пишуваат научните титули и наставните звања, како на
  пример:
д-р (доктор), м-р (магистер), проф. (професор), доцент, асистент и сл. Се допушта да се
  напише само црковна титула: архиепископ, митрополит, епископ, архимандрит, свештеник,
  протоѓакон итн. и светителски епитети: свети, преподобен и сл.
 - Примери:
 - Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Евангелие според Матеј – проучување и толкување на
  евангелскиот текст
, Скопје 2011.
 - Zlatousta Ioanna, svxtago, Arhiepiskopa Konstantinopolwskago, Tvorenix, Tolkovanie na
  svxtogo Matfex Evangelista
, tomq sedqmoj, vq dvuhw knigahw, S-Peterburg 1901.

19.1. Книги: Најпрво се пишува презимето и името на авторот,
 па потоа во курзив насловот на книгата, место и дата на издавање.
 - Примери:
 - Грозданоски Ратомир, протоѓакон, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје 2001.
 - Trempenla N. Panagiwnth,  H  Kainhn Diarhnkh, meta; suntonmou e Jrmhneivas, e{kti e[kdosi,  jAqhvnai
  1986.
 - The Orthodox Study Bible, New Testament and Psalms, Nashville, Tennessee USA 1993.
 - Stridonskij Ieronom, bla/., +etyre knigi tolkovanij na Evangelie ot Matfex, Kiev 1901.

19.2. Статии од списанија: Се пишува авторот на статијата, името на статијата, потоа името на
   списанието (во курзив), каде е издадено, бројот и годината на издавање.
 - Пример: Грозданоски Ратомир, протоѓакон, „Евангелието основа на животот и дејноста на
  свети Климент и свети Наум“, Годишен зборник, ПБФ „Св. Климент Охридски“, кн. 1, Скопје 1995.
 - Или другата форма, но задолжително е да биде истата цитирана и во текстот и на крајот, во
  литературата.

19.3. Електронски извори:
19.3.1. Извори на интернет со автор или уредник: Автор/уредник (година), наслов, (издание), место
  на издавање
и издавач (ако се познати), интернет адреса (URL), дата на пристапот.
 - Пример: Флоровский Георгий, протоиерей, Бессмертие Души, Библиотека православного христианина
  Благовещение/ Богословие – пристапно на: http://www.wco.ru/biblio/, (23.11.2007).
19.3.2. Електронски списанија на интернет: Автор, наслов на статијата, наслов на списанието, број,
  локација (URL), дата на пристапот.
 - Пример: Ватопедски Јосиф, старец, Поуки, ­Премин магазин, пристапно на Премин Портал:
  http://preminportal.com.mk/content/view/107/104/, (23.11.2007).
19.3.3. ЦД-РОМ: Автор/уредник (година на издавањето), наслов (тип на медиумот ЦД-РОМ) (издание),
  место на издавање, издавач, идентификациски број (ако има).
Пример: Институт Отворено Општество Македонија (1997), Македонски древности: Културно
  наследство на Македонија (ЦД-РОМ),
ЕИН-СОФ: Скопје.

20. СОДРЖИНА:
 - Содржината се става на крајот од семинарската/дипломската работа.
 - Насловот СОДРЖИНА се пишува со Caps Lock и централно се поставува.
 - Големината на буквите е иста како кај Heading1.
 - Автоматското генерирање на содржината се покренува на следниов начин: Insert → (Reference →) Index
  and Tables… → Table of Contents (тука е можно да се изменат и некои од понудените опции, но не е
  пожелно) → OK.

21. ЗАГЛАВИЕ И ПОДНОЖЈЕ (не е задолжително):
 - Во заглавието и подножјето може да се смести уште нешто што ќе биде видливо на сите страници на
  работата, на пр: името на авторот и насловот на работата. Насловот се пишува во курзив (Italic).
 - View → Header and Footer → писуваме текст → го форматираме →
 - Во Print Preview (под File) можеме да погледаме дали сме задоволни од зададеното.

22. ОЦЕНУВАЊЕ НА СРАБОТЕНОТО:
 - Вака подготвената семинарска вежба, семинарска работа или дипломски труд треба да биде испратена
  по електронска пошта (e-mail) кај предметниот професор, најдоцна еден месец пред сесијата во
  која студентот планира да го пријави и полага испитот.
 - Оценката од изработената вежба и работа кандидатот ќе ја добие по електронска пошта како
  известување, а истата треба да се запише во индексот. Оценувањето на семинарските вежби е:
  од 5 до 10 бода, а се впишува: прифатена со 8 бода или прифатена со 10 бода или прифатена
  без бодови
.


[1] Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Свети апостол Павле и Македонија, Скопје 2007, 114.
[2] Истото, 115.
*Доколку цитирањето е едно по друго, се пишува: Истото, 115.
*Ако е од зборник или книга со повеќе автори, се пишува:
Истиот, цит. дело, 131.
* Доколку, пак, има цитирани повеќе дела од истиот автор, за да се знае на кое дело се мисли конкретно, се става скратено: Ратомир Грозданоски, Свети апостол Павле…, 137-139.
*И, ако следат цитирања од други негови книги и од други автори, па потоа, повторно тоа дело, се пишува скратено: Ратомир Грозданоски, Свети апостол Павле…, 137-139.
[3] Ратомир Грозданоски, протоѓакон, Свети апостол Павле и Македонија, Скопје 2007, 114-115.


sem-vezba-1


sem-vezba

 


seminarska-rabota-naslovna 


diplom


КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ПРЕЗЕМЕШ