ОЦЕНУВАЊЕ на Семинарскa
ВРЕДНУВАЊЕ
НА СЕМИНАРСКИТЕ ВЕЖБИ И СЕМИНАРСКИТЕ РАБОТИ
На Катедрата по библиски студии, по предметот Свето писмо на Новиот завет, во текот на студиите, задолжително се изработуваат семинарски вежби и работи.
Семинарската вежба е на 5-10 страници, а семинарската работа: 10-15 страници.
Тие се услов за полагање на испитот.
Најдоцна 1 месец пред полагањето на испитот треба да биде доставена семинарската вежба или работа.
Доставувањето е по електронска пошта, на: rrgrozdanoski@yahoo.com
За нивната подготовка се посочени правила и прописи: Критериуми и стандарди за Семинарска, кои се достапни на web-страницата www.rrgrozdanoski.mk .
Сите студенти: и редовните и вонредните, задолжително изработуваат три семинарски вежби и една семинарска работа:
Првата семинарска вежба ги опфаќа предметите: Вовед во Светото писмо на Новиот завет, Свето писмо на Новиот завет- егзегеза 1 и Свето писмо на Новиот завет- егзегеза 2.
За нејзината подготовка и изработка е допуштен период од 2 години или 4 семестри, односно, во текот на студиите во прва и втора година. Студентот не ќе може да го полага и последниот од трите испити, ако не ја изработил семинарската вежба. Најдоцна еден месец пред тоа, треба да ја достави вежбата.
Втората семинарска вежба го опфаќа предметот: Свето писмо на Новиот завет- егзегеза 3.
Не може да се полага испитот, ако не се достави семинарската вежба.
Третата семинарска вежба го опфаќа предметот: Свето писмо на Новиот завет- егзегеза 4.
Не може да се полага испитот, ако не се достави семинарската вежба.
Исто така, сите студенти, задолжително пишуваат и семинарска работа, која е услов за полагање на испитот Свето писмо на Новиот завет- егзегеза 4, а треба да ја достават најдоцна 1 месец пред полагањето.
Се допушта, само за оние што ќе ги положат испитите преку колоквиуми, да не биде пред вториот колоквиум, туку да ја достават семинарската вежба или работа, најдоцна 1 месец пред испитите во првата сесија, односно, 1 месец пред испитите во февруари или јуни.
Семинарските вежби се оценуваат уште при првото читање: од 5 до 10. Овде и 5-ката е позитивна. Дури, се прифаќа и без бодови, ако не заслужува ниту 5 бода. Тогаш е прифатена само затоа што студентот ја изработил семинарската и ја доставил. Ова го допуштам, само за да дадам можност за полагање на испитот.
Семинарската РАБОТА, пак, треба да го постигне должното ниво, со својата содржина и стандарди, за да биде прифатена и одобрена.Резултатите од семинарските вежби и од семинарската работа, мора да бидат впишани во индекс.
Ш Е Ф
НА КАТЕДРАТА ПО БИБЛИСКИ СТУДИИ
Д-р Ратомир Грозданоски
редовен професор