Интервју за РТ Србија
Интервју на
Проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон
Секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква
за РТ Белград
Водителката: Желела бих да кренемо с последним догаџајем, кој је и у јавности Србије одекнуо, а то је рушење храма у изградњи, у околини Битоља. Какав однос имате према томе? Дали је храм требало срушити, јер је то чисто комунално питање због бесправне градње, јер је то и држано и црквено и разно друго питање.
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Градбата во Нижеполе, што ја започна Вранишковски, и оние кои ја помагаат таа градба, а за кои се знае дека спонзорството е однадвор, а не од тука, од Македонија, претставуваше нешто што значи насилие во Македонија, односно, насилно градење на објект кој не е дозволен и за тој објект нема потребна документација, ниту потреба, воопшто. Имено, Вранишковски, откако беше расчинет од Светиот архиерејски синод и развластен од поранешната негова Епархија, во Повардарската митрополија, а со расчинувањето на еден епископ тој се враќа како обичен верник. Тој веќе не е епископ, и неговото епископско достоинство завршило. Тој може понатаму да се претставува и како епископ и како Александар Македонски, ако сака, но тој тоа веќе не е. Неговиот потфат за да изгради нешто за што нема доволна поддршка, и, воопшто, потреба во Македонија, беше насилие. Храмовите се градат за верниците, за да се остварат нивните духовни и верски потреби, за да се собере народот Божји за да му принесе молитви и дарови на Бога. Зад Вранишковски нема ниту народ, ниту свештенство, на оваа македонско тло, и тој е прифатен од овој народ само како расчинет владика и како отпадник и како одродник од македонскиот народ. Кому тогаш му служи тој храм, освен на суетата на Вранишковски? И за да покаже поголема дрскост во своето однесување тој, со своите спонзорства и менторства од надвор, гради некоја градба која сака да ја преадаптира и да ја направи храм или манастир. Значи, таму на беше урнат храм, туку беше урната дивоградба, објект кој се градеше заради задоволување на нечија лична суета, а не за потребите на верните од тој дел.“
Водителката: А, Српска православна црква не мисли као Ви.
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Да. Српската православна црква може да не мисли како нас и на својата територија може да гради и манастири, и цркви, и параклиси, и сè друго што значи црковна градба. Но, не може да гради и во Македонија и каде што ќе и текне, како што не може и Македонската православна црква да изгради свој храм во Белград, или во Крагујевац, или во Нови Сад, без согласност од Српската православна црква и без реална потреба на Божјиот народ, на верниците на тоа место. Овде не постои никаква реална потреба и ова значи еклатантен пример на конкретно мешање во јуриздикцијата на друга Црква. Преку овој гест Српската православна црква, која го смета Вранишковски за свој епископ и продолжена рака на Српската православна црква во Македонија, остварува свои, некакви други, цели, а најмалку црковни и врши насилие со кое ги нарушува позитивните закони и на една посебна држава во која, сепак, се почитува редот. Замислете, некому да му текне да изгради на Водно Будистички храм, или на Карабурма Будистички храм?! Некој ќе го толерира тоа и ќе дозволи тоа да го оствари, а нема ни еден будист во Белград, или има можеби тројца други со него такви будисти? Мора да се почитува редот, а ако е до ред има, или, пак, треба да има во црквата, во домот Божји, и ние, црковните луѓе, треба да бидеме пример за почитување на редот, бидејќи така и Бог нè учи. Сè поставил Бог во ред: и во Вселената поставил ред и во земјата.“
Водителката: У ком смислу се спомиње спор измеџу две Цркве, сада, на последњем заседању Вашег Синода? Дали је нешто закључено у смислу наставка преговора?
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „На последното заседание на Светиот архиерејски синод немавме конкртна точка и тема на дневен ред за односите меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква, но оваа заедничка болка и заедничко страдање меѓу двете соседни Цркви и двата народа е континуирана тема која постојано се наметнува и се дискутира за неа, дури и кога не е на дневен ред. Во таква форма, одредени разговори и дискусии беа и започнати и дискутирани и се дискутираат скоро на секое заседание на Синодот, но одлуките кои се донесени на Светиот архиерејски синод се сосема јасни. Тие не се од последното заседание, туку од поодамна, откако настанаа новите состојби меѓу двете Цркви, и тие се генерална стратегија на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и македонската држава и од нив нема отстапување. Имено, Македонската православна црква, на чело со Светиот архиерејски синод и со својот Поглавар Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со сето свештенство, монаштво и верниците јасно стои на својот став и барање да се почитува и признае реалноста на постоењето на Македонската православна црква, како автокефална православна црква. Нејзиното име да биде она што е нејзино уставно име и што произлегува од името на државата, во која е оваа Црква, а тоа е државата Република Македонија, и името Македонската православна црква. Да започнат натамошни меѓуцрковни живеења, во секој поглед, и во евхаристиско единство и во црковно заедништво со сите православни цркви, преку соседните па сè до најдалечните во православната екумена. Овој став на Светиот архиерејски синод и на ерархијата во Македонската православна црква е волја на македонскиот православен народ. Ова произлегува од нашето историско, но и сегашно право на постоење на овој народ и на оваа Црква. Ние не сме новосоздадена Црква, туку жива продолжителка на Охридската архиепископија и овој народ, заработувајќи ја својата национална и држвна самостојност и слобода, има право и на своја црковна слобода, каква што ја имал во лицето на Охридската архиепископија. Ова не е само волја на црковниците во Македонија, на ерархијата, на клирот, па дури не само на православниот народ во Македонија, туку и на сите добронамерни луѓе и луѓе со добра волја во Македонија. Ова го посведочуваме со фактот дека и во Собранието на Република Македонија донесена е Декларација минатата година со која се бара и се заштитува автокефалниот статус на Македонската православна црква и нејзиното уставно име – Македонска православна црква.“
Водитеката: Зашто се архиерејима Српске православне цркве не дозвољава улазак и пролаз кроз Македоније?
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „На добронамерниците во оваа земја им се дозволува да дојдат, и не само да поминат, туку и да останат во Македонија и да бидат добро примени и пречекани. Гостопримството на Македонците е познато ширум светот. Но, за оние кои доаѓаат со зла мисла и зла намера, нормално е да им се откаже гостопримство, бидејќи не доаѓаат како вистински гости, немаат гостољубие, туку имаат злољубие во себе. А, поознати се повеќе примери на луѓе од ерархијата, од епископатот на Српската православна црква и на други цркви кои доаѓаат и престојуваат во Македонија. За тоа има канонски ред и тие го знаат тој канонски ред. Треба да се најават и да престојуваат во Македонија, како што е редот. Ние во минатите години им дозволувавме дури и извршување на чинодејствија, во Куманово, на споменикот на српските воини, кои загинале на тој дел. Тоа беше канонски побарано и канонски остварено.“
Водителката: Значи, дефинитивна стратегија Македонске православне цркве је да се избори о својој аутокефалности, а Српска православна црква, ако се не варам, нуди једну одреџену аутономију унутр Српске православне цркве. Дали има шансе, током неких преговора у будучности, Македонска православна црква негде попусти и да се укључи и тој причи о делимичној аутономији, унутр Српске православне цркве, или и ту је дефинитиван одговор не?
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Јас не можам да кажам така концизен и дефинитивен одговор, бидејќи за тоа треба да одлучи Светиот архиерејски синод и Соборот на Македонската православна црква. Но, знам едно и порачувам дека треба да се разговара, но за тоа треба да се подготват услови. Да се разговара и да се изнаоѓа решение на спорот. Зарем малку ни се сите други притисоци и проблеми, кои се заеднички проблеми и на двата народа и на двете Цркви, кои биле проблеми и низ историјата и низ современото наше живеење, па да не можеме да си помагаме, место да си одмагаме во нашиот активен црковен живот, за што сме повикани овдека, на земјава, за да го постигнеме нашето спасение, спасувајќи ги и оние кои ни се поверени нам – верниците. За са се најде решение на спорот треба да се создадат пердуслови а не да се влегува во позиции во какви што сега постојат меѓу двете Цркви. Треба одредени одлуки да се повлечат, да се создаде пријатна клима и атмосфера за продолжување на разговорите за надминување на спорот. Македонската православна црква е реалност. Не треба Српската православна црква сега да создава некоја црква и црковно живеење во Македонија. Во Македонија Црквата и црковното живеење постои уште од апостолско време, од светиот апосрол Павле, и непрекинато овдека православието се развивало и живеело со овој народ. Оваа наша реалност треба да се прифати на радост на сите други цркви, а најмногу на Српската православна црква и на соседите, за што ние должиме одредена благодарност и ја искажуваме. Кога нам ни било потребно да се образува кадар, високообразуван кадар во Македонската православна црква, тоа сме го правеле во Белград. Нашите професори, архиереи, постарите теолози итн. Беа образувани во Белград, за што и благодариме на Српската православна црква. Апостолското преемство, она што значи благодатта од Господа Исуса Христа до последниот верник денес, преку апостолите и ерархијата сме го примиле во последно време преку благодатта излиена низ хиротонијата од Српските архиереи. Патријархот Герман, заедно со епископот Никанор Бачки, и овдедниот наш тогашен Поглавар архиепископот Доситеј, на заедничка Литургија во Скопје во 1959 г. го хиротонисуваат вториот архиереј на Македонската православна црква, митрополитот Климент, на Преспанско-битолската епархија, и така се формира Синодот и се добива апостолското преемство кое тече како Божја балгодат за спасение на овие луѓе во Македонија. За сето тоа ние и искажуваме благодарност на Српската православна црква и ја признаваме нејзината помош. Но, и таа треба да ја свати нашата реалност дека израснавме, дека постоиме како самостоен народ, како самостојна Црква, самостојна држава и дека имаме право на сопствено постоење. Ајде да направиме една историска дигресија. Нека биде ова исто сфатено како што некогаш Охридската архиепископија дозволила да се формира Пеќската архиепископија, која се одвоила од неа. И тогаш имало период на негодување. Единаесет години се споменуваат во историјата, ако не се лажам, кога тогашниот Поглавар на Охридската архиепископија Димитрије Хоматијан, познато име во византологијата, се побунил за тој гест што го направил свети Сава, но потоа го признал тоа. Кога реално постоела Пеќската архиепископија била призната. И сега, кога реално постои оваа Македонска православна црква, треба да се признае нејзиното постоење и да се прифати на радост на сите. А, ако не беше Македонската православна црква во Македонија што ќе беше со православниот народ во Македонија? Колку ќе останеше православен? Колку ќе можеше да има православие на оваа земја? Зошто таа активност на оваа Црква не и се признава и не се рече: ‘Навистина вие опстоивте и постогнавте значаен резултат и направивте многу за спасението на овој народ и за опстојот на православието на оваа земја’. Нешто слично веќе се призна за постоењето на Православната црква во Албанија. Таа беше мртва во еден страшен комунистички период, воскресна од мртва црква и ене ја – призната. Ние дури и не бевме до толку умрени. Постоевме и постоиме и некои пред нашата реалност мижат, не гледаат и не сакаат да ја видат таа работа. Ова е мојата замолница и моето убедување дека треба да проработи тој дух на љубов и реално гледање на состојбите на црквите во православието, за да можеме да имаме полнота на православниот свет.“
Водителката: Поново је топ тема овде, у Скопљу, откако су власти срушиле започети православни храм у околини Битоље. Дали, иако смо се разишли политички мирно, у овом тренутку имамо верски рат, који би могао угрозити односе измеџу две државе. То је наше питање ове недеље.
Следуваат изјавите на Вранишковски, Вук Драшковиќ и Илинка Митрева.
Водителката: Теолошки спор у Македонији започео је 1967 године, када је Македонска православна црква једнострано прогласила аутокефалност. Српска православна црква, која је неколико година раније дала аутономију Македонској, под сопственим окриљем, никада није признала аутокефалност, како и цео православни свет.
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Македонската православна црква, на чело со Светиот архиерејски синод и Поглаварот, г. г. Стефан, свештенството и монаштвото имаат јасно барање: да се почитува и признае реалноста – а тоа е автокефална Македонска православна црква. Нејзиното име произлегува од Уставот и од името на Република Македонија.
– Не треба Српската православна црква да ја уредува црквата во Македонија, како што тоа го прави во овој момент преку Јован Вранишковски. Повторувам, мора да се признае реалноста на Македонската православна црква. Тоа е неопходно за да се стави крај на страдањето на двете Цркви и да би се започнало со меѓуцрковното единство.
– Вранишковски, откако Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква го расчини, не е веќе епископ. Тој е обичен граѓанин, обичен верник.
– Јован Вранишковски може да се претставува и како епископ, може да се претставува и како Александар Македонски. Храмовите се градат за верниците. Со Вранишковски не е ни народот ни свештенството во Македонија. Во неговиот храм на Бога може да му служи само неговата суета.“
Водителката: Српска православна црква нуди аутономију, у оквиру Српске православне цркве. Има ли шансе да отступите од максимални захтев и да прихватите ту аутономију?
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Не можам да дадам прецизен одговор. За тоа треба да одлучи Светиот архиерејски синод и Архиепископскиот црковно-народен собор. Но мора да се разговара и да се изнајде решение за спорот, на радост на сите православни цркви.“
Водителката: Иза Македонске православне цркве стала је и Македонска држава. Влада је, измеџу осталог, донела Закон о кретању и боравишту странаца, којим се забранује улазак и транзит кроз Македоније архиерејима Српске православне цркве, без одобрења Македонске цркве. Задржавање владици Иринеја Буловиќа на путу за Солун, због којег су јуче интервенисали Београд, Брисел и Атина, послледњи је у низу инцидената те врсте.
Проф. д-р Ратомир Грозданоски: „Гостопримството на Македонците е познато ширум светот, но за оние кои доаѓаат со зла намера нормално е тоа гостоприство да се откаже.“