Д-р Грозданоски – гостин на американски универзитет

Д-р Грозданоски – гостин на американски универзитет

Протоѓаконот д-р Ратомир Грозданоски, професор на Право­слав­ни­от богословски факултет „Свети Климент Охридски“, беше поканет и одржа предавање на американскиот универзитет „Свети Јосиф“ во Фила­дел­фија, Пенсил­ванија. Овој значаен Универзитет организираше Конфе­рен­ција од интер­национален и интеррелигиозен карактер, на општа тема: „Холокаустот и црквите“.

На оваа годишна Конференција во Филаделфија присуствуваа и учеству­ваа повеќе од 300 значајни професори и научници од 25 земји во светот. Сите тие заедно размислуваа, дискутираа и пронаоѓаа начини и патишта за градење на подобра меѓурелигиска и меѓунационална соработ­ка во светот, развивајќи ја културата на дијалог, односно тријалог меѓу јудеизмот, христијанството и исламот. На тој начин да се гради иднината во светот со повеќе меѓусебно разбирање, хармонија, вероисполнетост, делотворна љубов и заеднички живот.

Проф. д-р Ратомир Грозданоски своето предавање со наслов: Faith: source of peace or cause for unrest (Верата – извор на мирот или причина за немири) го одржа во понеделникот на 07 март 2005 г. Покрај библиско-богословската фундираност на неговото изложување, тој говореше и за историските и современите односи меѓу православието и исламот. Предавањето беше проследено со особено внимание и со присуство на значајни имиња од светот на науката, бидејќи истото беше одржано на пленарна седница.

Со предавањето на протоѓаконот д-р Ратомир Грозданоски на Универзитетот во Филаделфија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, како и Македонската православна црква го даде својот придонес за создавањето на значајната култура на три­­јалог во современото општествено живеење. Ова претста­вува и гра­де­ње на добра соработка на Православниот факултет од Скопје со еден зна­ча­ен и реномиран Универзитет во САД. Градот Филаделфија, пак, прет­ста­вува најголем универзитетски центар во Америка, заедно со Бостон.

По завршувањето на предавањето и учеството на Конференцијата на Свети­јосифовиот универзитет во Филаделфија, протоѓаконот проф. д-р Ратомир Грозданоски се сретна и со Македонците во македонските православни цркви во Филаделфија, Њу Џерси и Њу Јорк, а на Прочка, во неделата на 13 март 2005 г., богослужеше во црквата „Свети Никола“ Тотова, Њу Џерси.

Објавено во „ВЕСНИК“ Службен лист на МПЦ