Св. Наум СЦЕНАРИО 22-23.12.2010

Сценарио

Р   Е   П   У   Б   Л   И   К   А       М   А   К   Е   Д   О   Н   И   Ј  А
С О Б Р А Н И Е  Н А  Р Е П У Б Л И К А  М А К Е Д О Н И Ј А
С В Е Ч Е Н А   А К А Д Е М И Ј А
ПО ПОВОД
1 100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

Во Охрид, на 22.12.2010 лето Господово, под сводовите на Соборниот храм „Св. Софија“.

 
Без најава, доаѓа хорот пред аудиториумот и по подигањето на диригентската палка, при апсолутна тишина, започнува пеењето на:

  – Химна на Република Македонија: „Денес над Македонија“
  – Отче наш… од Драган Шуплевски

Модератор: Ваше Богољубие, првопрестолни владико и отче Клименте, пресвети! Туку што пристигна новогласникот, ангелоподобниот јероѓакон Михаил, од Светинаумовиот манастир и вели:

  – Отецот Наум се упокои, Бог да го прости!

Бог да го прости! И право велиш дека се упокоил, а не дека умрел, бидејќи тој не умре, туку влезе во спокојот на Бога, се воспокои, преминувајќи од овој неспокој на светов во вечниот покој. Да Го прославиме Бога, зашто братот Наум не умре, туку се роди во вечниот живот. Затоа Црквата го празнува денот на упокојувањето на светиите. Еве, ни се даде нов празник на Божјиот угодник, кому душата му беше почиста од бистрите води на Белово Езеро, а духот посилен од оној што ги дига езерските бранови и што ја гали Галичица. Неговата телесна чистота, пак, побела и од белилото на снегот што ја облече цела Македонија.

Праведниците живеат довека; нивната награда е во Господа, Кој им го даде царството на славата и венецот на убавината. Меѓу нив да го восфалиме божествениот Наума, нашата ѕвезда богосветла. Тој се радува со ангелите и живее во Христа.

Таков отец испрати нашава Црква кај Бога, за вечен закрилник на овој народ. Нему слава и благодарност, во вечни векови. Амин.

Од благочестивиот род на свети Климента и свети Наума е дар на благодарност и оваа свеченост, чиј покровител е Собранието на Република Македонија, а на која, со особена чест и задоволство, го поздравувам присуството на:

г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Р Македонија, и пратениците,

Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со архиереите и свештенослужителите,

г. Васко Наумовски, потпретседател на Владата на Р Македонија,

Високопреосвештениот митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј,

Високопреосвештениот митрополит Повардарски г. Агатангел,

Градоначалникот на градот Охрид, г. Александар Петревски, и членовите на Советот на општината,

Екселенциите и претставниците на Дипломатско конзуларните претставништва во Р Македонија,

Декани и универзитетските професори,

Високопреподобниот игумен на Светинаумовиот манастир, архимандритот г. Нектариј,

Претставници на Генералштабот на Армијата на Р Македонија

Културните и општествените дејци,

Претставниците на средствата за информирање,

Драги присутни, браќа и сестри,
добродојдовте на оваа академија,

Модератор: Со пофални венци го украсува ликот и делото на свети Наума, Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан, во своето Свечено слово.

  – Ваше Блаженство, благословете.

СВЕЧЕНО СЛОВО

Нашево чествување, со пригодна Реч ќе го поздрави и Потпретседателот на Собранието на Р Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска. Повелете.

Г О В О Р

Модератор: Во духот на ова одбележување, а за небоземна радост на Црквата, денес прима одличие наследникот на Светинаумовиот игуменски трон и пазителот на светиот манастир и на духот на светителот, Високопреподобниот архимандрит г. Нектариј.

(Модераторот ја чита Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква за доделување ОРДЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ.)

(ОРДЕНОТ му го врачува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.)

Модератор: Христоносни, со какви убавини од песни да го прославиме свети Наума, кој беше харфа на Светиот Дух, низ која Бог ни го предаде гласот на Евангелието.

Земски ангел и небесен човек си бил, преподобен оче Науме.

Се покажа како светлоносен светилник во својот род и кај сите словенски народи, а во Рим, Го прослави Бога и покажа голема ученост.

Потоа, најде мирно пристаниште на брегот од Охридското Езеро, служејќи Му на Христа, со кротост и со смирение, учејќи, творејќи и поучувајќи со збор и дело и со сиот свој живот. Затоа ти вознесувамс заслужена пофалба:

Мирисна кадилнице на пријатни молитви пред Бога;

Наш застапниче пред Господа и наставниче на Божјата мудрост;

Сигурен патеводителе на верниците и богомудри изобличителе на неверниците;

Златосјаен светилниче на словенските земји и нов апостоле на словенските народи;

Радост на тажните и нажалените; и исцелителу на болните, велики чудотворче.

Зашто тебе и водените стихии ти се покоруваат и дивите ѕверови ти се потчинуваат.

Ти им го враќаш разумот на полудените и им помагаш на несреќните.

Најмиризлив цвете на небесниот рај, на твојата светост и друговерците се поклонуваат;

Ти, иако живееш во рајските населби, и нас не нè оставаш; добар пастиру на Христовото стадо.

Тебе вечерва милозвучно ти пее црковниот хор „Света Злата Мегленска“ под диригентската палка на диригентот г-ѓа Летка Димовска – Полизова.

Ќе ги слушнеме композициите:

   1. Похвала Кирилу и Методију, од Ристо Аврамовски;
   2.Тропар на свети Климент Охридски, од Стојан Стојанов;
   3. Достојно ест…, од Петар Илич Чајковски;
   4. Гласом моим ко Господу возвах…, од А. Архангелски;
   5. Во царствии Твоем…, од Добри Христов.

Хор 1:

Модератор: Со радост и веселие на душата си дошол кај нас, премудри Науме, проповеднику на Евангелието во Македонија. Ти болсна со евангелското учење во земјава македонска и го приведе кон Бога својот народ, кој од срце  поверува на твоето слово.

Тебе те славиме, себлажен богоносецу Науме, зашто ти, заедно со пресветиот Климента, иако со прости зборови од народот, бевте посилни од најсилните туѓи говорници и го просветивте македонски народ, кој од вас го спозна Бога и преку богопознанието го вознесовте до Христовите прегратки.

Кај нас, вие, со вашето новоапостолско дело на спасението, бевте новите апостоли: новите Павле и Силуан, Лука и Тимотеј, Кирил и Методиј.

Ти, пак, Црноризецу Храбар, за да го заштитиш јазикот и писмото, си напишал одбрана на буквите, во која велиш: „А, порано Словените немаа книги, туку се служеа со рецки и цртички, читаа и гатаа, исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило. Но, како може да се пишува со грчки букви: Bgq”=Бог (кога Грците во својата азбука немаат буква Б), или (живот =`izqn} (а немаат Ж), или (човек=~lk”q ( без буквата Ч), ниту, пак, (широчина={irota или душа ( кога не постои буквата Ш) или слични зборови на овие?“

Затоа, нашите свети отци, со љубов ги прославуваме и со песни ги славиме, од срце и душа.

Такво е и ангелогласното пеење на хорот, со композициите:

   1. Помјанув пророка…, од Тодор Скаловски;
   2. По Твоју милост…, од Димитрие Бортњански;
   3. Алилуја…, од Запро Запров;
   4. Воспојте…., од Марко Тајчевиќ.
 
+ Солисти:
 – Јулија Карамитровска,
 – Николина Маневска и
 – Симона Петровска.

Хор 2:

Модератор: Со песни, достојно нека биде прославен свети Наум – потокот на чуда, изворот на исцеленија, славата на монасите и украсот на свештениците. Нека се радува небото и земјата нека се весели!

Македонија го слави твојот спомен како што прилега, зашто ти си нејзин светловодител. Тој спомен чувајте го секогаш во вашите души.

Хор 3: (Без најава, хорот веднаш, громогласно започнува да пее: Многаја лета…(трипати).

Сите стануваат, Архиепископот благословува, и потоа, додека уште не тргнале да си одат, им се обраќа модераторот со покана:

Модератор: Почитувани, по овдешнава богата духовна храна, ве покануваме на мал коктел во ресторанотСвета Софија“. Повелете.
 
Автор на сценариото: Проф. д-р Ратомир Грозданоски

Модератор: Проф. д-р Ратомир Грозданоски